Линкови за пристапност

Бегалка од Украина за Гласот на Америка: Во шок сме, не го очекувавме ова, сопругот остана во Киев


Според УНХЦР, за шест дена Украина ја напуштиле околу 660.000 лица
Според УНХЦР, за шест дена Украина ја напуштиле околу 660.000 лица

Во шок сум. Се надевам дека оваа ситуација ќе заврши во најскоро време. Се надевам дека заедно со синот ќе се вратиме во Киев што побргу.

Ситуацијата беше лоша, не очекувавме дека ќе се случи напад и моравме да заминеме. Така ни раскажа 35-годишната Ирина Казначиева, жителка на Киев, која заедно со синот ја напуштиле Украина.

Заради проблеми со комуникацијата, разговорот со неа се одвиваше само во аудио формат.

Бегалка од Украина, за Гласот на Америка: Во шок сме, не верувавме дека ова ќе се случи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

„Војната почна и заедно со синот имавме можност да го напуштивме Киев. Го напуштивме со воз. Со воз до Лавов, а потоа со автомобил, со такси“, вели Ирина.

Кога разговаравме, таа и нејзиниот 12 годишен син се наоѓаа во Словачка, се подготвуваа на пат кон Виена. Сопругот нејзин останал во Киев.

„ Секој ден гледам вести. Ужасно е, опасно е. Сопругот сега е во Киев. Ужасно е, многу“, опишува Ирина.

Вели дека во земјата има и родители, пријатели и роднини, од кои повеќето не успеале да заминат.

„Некои од моите пријатели останаа во Киев бидејќи не можеа да го напуштат градот. Некои од нив, ги напуштија Киев и Украина“, вели Ирина.

FILE PHOTO: Russian military operation against Ukraine continues
FILE PHOTO: Russian military operation against Ukraine continues

Исплашена е за ситуацијата. Но, се надева дека мирот што поскоро ќе надвладее.

„Изненадена сум, бидејќи не верував дека тоа може да се случи. Во шок сум. Се надевам дека оваа ситуација ќе заврши во најскоро време. Се надевам дека заедно со синот ќе се вратиме во Киев што побргу“, истакнува Ирина.

Според податоците на УНХЦР, во изминатите шест дена Украина ја напуштиле околу 660.000 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG