Како да се уапси рускиот претседател Путин, и кои се следни чекори од членките на МКС? Поранешни главни обвинители и експерти за меѓународно право во врска со обвинението на Меѓународниот кривичен суд против Путин врз основа на неговата индивидуална одговорност за насилната депортација на илјадници украински деца во Русија понудија аргументи дали е изводливо, но и како да се изведе шефот на руската држава пред лицето на меѓународната правда во денешната констелација на дипломатски односи.
Како би можело да продолжи процесот на МКС против Путин и кои се последиците од можното обвинение за идните мировни преговори во Украина. Има ли импликациите кога се покренува обвинение против актуелен шеф на држава?
На овие прашања, поранешниот главен обвинител на Специјалниот суд за Сиера Леоне Дејвид Крејн, се наврати кога пред 20 години овој месец, го потпишал обвинението за претседателот Чарлс, Либерија, првиот актуелен шеф на држава во модерната ера кој беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото.
„Интересно што 20 години подоцна, требаше да обвиниме, втор актуелен шеф на државата во модерната ера. Размислувајќи за обвинение против шеф на држава, не можете да направите грешка правно или политички, бидејќи тоа може да донесе голема штета на регионот, но исто така може да му наштети на кредибилитетот на самиот Трибунал“, вели овој поранешен главен обвинител.
Друга работа, што треба да се земе во предвид кога размислувате за покренување обвинение, е културниот аспект на ова, со други зборови, е правдата што ја бараме преку правдата, вели Крејн.
За Роберт Петит, поранешен меѓународен ко-обвинител во вонредниот Совет за судовите на Камбоџа постои преседан кога шефови на држави ќе бидат обвинети од МКС, но последниот конкретен сет на околности со Путин, го потсетува на Башир, поранешен претседател Судан, кој отпатува во Јужна Африка на нивно барање додека беше под налог од МКС, и остана во земјата, а потоа ја напушти.
„Во случајот со Путин, треба да се идентификува колкава поддршка има наредбата заснована на правила за негово приведување“, вели тој.
И ко-деканот на Правниот факултет на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, Мајкл Шарф ја анализира иднината на стигнување до правдата и нејзината ролја во меѓународните односи.
„Веќе 10 години, Русија го користи своето вето на начин што го парализираше Советот за безбедност, а ОН изгледаше како ефикасна организација. Она што се случи во текот на минатата година е дека имаше огромна промена на моќта од Советот за безбедност на Генералното собрание. И импликациите се локално значајни. Она што се случи е, во последните 30 години, ОН не го користеше стариот механизам за обединување за мир, кој беше создаден за време на Корејската војна за да ја заобиколи парализата на Советот за безбедност и да му дозволи на Генералното собрание со две третини од гласовите да направи секакви работи што вообичаено само Советот за безбедност е овластен да ги прави. Меѓународниот суд на правдата го потврди овој процес“ потсетува Шарф.
Можеби најизненадувачки е оној акт, што ја исфрли Русија од Советот за човекови права и мислам дека со оглед на тоа што Русија ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност, може да има напори за намалување на нејзините ингеренции.Шарф, експерт
Според него, Генералното собрание на ОН почна да донесува голем број други резолуции кои беа изненадувачки по моќта што ја поседуваат. „Можеби најизненадувачки е оној акт, што ја исфрли Русија од Советот за човекови права и мислам дека со оглед на тоа што Русија ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност, може да има напори за намалување на нејзините ингеренции“, вели овој експерт.
Украинскиот адвокат Ник Јурлов кој моментално работи како виш правен советник во Truth Hounds и член на одборот на украинската Адвокатска комора аргументираше што значи покренувањето обвинение против Путин за Украинците, и за самата Украина.
„Во 1994 година, Украина го потпиша Меморандумот од Будимпешта, ослободувајќи се од третиот по големина нуклеарен арсенал во светот. Во 1997 година. Украина го потпиша договорот со Русија, согласувајќи се да даде 83% од нејзината Црноморска флота во замена за руските правни гаранции дека Крим е дел од Украина и дека Црноморската флота никогаш нема да се користи за загрозување на украинската независност и територијален интегритет. Тие меѓународни инструменти колабираа во 2014 година. Така, до 2022 година, до целосната инвазија, вербата во меѓународните институции од Украинците за поредок, заснован на правила, беше доста низок“, вели Јурлов.
„Се разбира, токму сега, со покренувањето обвинение против Путин од МКС, е трошка верба, трошка надеж дека правдата неизбежно ќе го стаса“, вели овој украински адвокат.
Нема да биде лесно дури и да се појави на нивна територија, па дури и да имаат законска должност да го уапсат.Стерио, професорка по право
„Нема да биде лесно дури и да се појави на нивна територија, па дури и да имаат законска должност да го уапсат“, коментира Милена Стерио, професорка по право на Правниот колеџ Кливленд-Маршал на Државниот универзитет во Кливленд за иднината на рускиот претседател да патува надвор од границите на Руската федерација.
„Да потсетам на претходниот случај на Омар Ал Башир, кој беше претседател на Судан, а МКС има налог за апсење од 2009 година. Ал Башир, додека беше претседател, патуваше во повеќе земји, вклучително и земји кои се членки на Меѓународниот кривичен суд, како Јужна Африка и Јордан, и тие земји не го уапсија“, вели професорката Стерио.
„Државите понекогаш не сакаат да апсат светски лидери кои ги бара МКС“, вели таа и додава дека „другата сложеност што ја спомнав во овој случај е дека Русија е суперсила“.
Стерио потсети дека поранешниот претседател на Русија, Медведев неодамна изјави дека ако тоа, доколку некоја држава го уапси Путин, тоа би било објава на војна против Русија. „Државите ќе се соочат со овој предизвик, дури и ако имаат законска должност, дали ќе сакаат да продолжат и да го апсат Путин, бидејќи Русија може да го гледа тоа како непријателски чин и како објава на војна против Русија“, вели професорката по право на Правниот колеџ Кливленд-Маршал на Државниот универзитет во Кливленд.
Не е само можно, туку е законска обврска, сите држави-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) целосно да соработуваат со Судот, што вклучува и извршување на налози за апсење, рече претседателот на МКС Пјотр Хофмански, објаснувајќи го налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова за воени злосторства во Украина.
Според Римскиот статут, основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд, сите држави-членки имаат законска обврска целосно да соработуваат со судот, што вклучува и извршување на налози за апсење.Хофмански
„Според Римскиот статут, основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд, сите држави-членки имаат законска обврска целосно да соработуваат со судот, што вклучува и извршување на налози за апсење. Од практична гледна точка, доколку осомничениот влезе на територијата на државата-членка, таа држава-членка има законска обврска да го уапси тоа лице и да поднесе извештај, рече Хофмански.
Во меѓувреме, портпаролот на ОН Стефан Дујарик рече дека „Меѓународниот кривичен суд е независен од Секретаријатот. Ние, не ги коментираме нивните постапки“, изјави Дујарик.
Денешниот настан за одговорноста на рускиот претседател Путин во извршените злодела во Украина е дел од иницијативата на невладината PILPG Thought Leadership Initiative.
Иницијативата се фокусира на истакнати теми од меѓународното право и меѓународни прашања и организира месечни експертски тркалезни маси за споделување на експертиза и размислувања за мировните преговори, и гонењето на воените злосторства.