Линкови за пристапност

Инцидентот со дронот беше напад во меѓународен воздушен простор; неиспровоциран, вели генералот Џонс


Што, по, неодамнешниот инцидент со беспилотнo леталo над Црното Море? Како треба да одговорат САД, и какви се безбедносни импликации, ако Русите можат да стасаат до беспилотно летало и за можноста за руско-иранска соработка? На овие прашања, грузиската редакција на Гласот на Америка разговараше со генералот Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама и поранешен командант на европските командни сили на САД.

Глас на Америка: Како го оценувате најновиот развој со инцидентот со рускиот борбен авион и американскиот дрон. Со какви безбедносни импликации се соочуваат САД?

Џејмс Џонс: Па, мислам дека ова беше напад во меѓународниот воздушен простор. Тоа беше неиспровоцирано. Тоа е сериозен инцидент и не се движи во вистинската насока. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи. Јасно дека имаа намера да го спуштат на земја, не со соборување, туку со полевање со гориво. Ми изгледа дека пилотот можеби погрешно проценил и всушност удрил во пропелерот, и тоа ја предизвикало, самата несреќа.

Глас на Америка: Пред неколку години Иран успеа да стаса и до едно од американските беспилотни летала. Сега, ако Русите го анализираат ова беспилотно летало, дали постои закана од соработката на Русија и Иран за поддршка на инженерството на оваа чувствителна воена опрема?

Џејмс Џонс: Секогаш е ризик. Знаете, мислам дека пред неколку години, Кинезите ја истражуваат технологијата. За последниот дрон, ќе биде многу тешко да се лоцира поради длабочината на морето, каде се урна, така што, шансите за пронаоѓање, од она што го слушам, се многу мали.

Глас на Америка: Има информации дека беспилотното летало веројатно потонало во големи длабочини, но САД имаат опции, според американски генерали. Но, САД немаат поморски површински бродови во Црното Море. Со оглед на тоа, кои би можеле да бидат тие опции?

Џејмс Џонс: Па, ќе беше подобро да ги имавме последните снимки кои би можеле барем да се обидат да го лоцираат. Верувам дека е многу тешко да се реконструира дронот.

Гласот на Америка: САД сметаат дека тоа биле директни наредби до пилотите на борбените авиони од страна на Кремљ. И денес видовме дека рускиот министер за одбрана им додели награди на пилотите за вознемирувањето на дронот. Исто така, и генералот Курила рече дека САД во последно време гледаат зголемено непрофесионално однесувањето на руските воздухопловни сили. Како го гледате на овој инцидент? Дали ова се вклопува во моделот на руското однесување против САД или тоа е нешто што е под влијание на руската војна во Украина?

Џејмс Џонс: Мислам дека е се заедно. Мислам дека сето тоа е поврзано . Ова не беше изолиран потег од страна на Русите, мислам дека можеби самиот Владимир Путин дал одобрение да го направи она што го стори рускиот пилот. Тоа е ризикот, што тие го преземаат. Немам сомневање дека имаме опции да направиме различни работи и да се одмаздиме. Мислам дека никој не сака војна со Русија. Но, ако Русија ги засили своите воени непријателства против нас, тогаш немаме друг избор освен соодветно да одговориме.

Гласот на Америка: Сега, никој не сака да оди во војна, но каков треба да биде одговорот?

Џејмс Џонс: Не сакал да разговарам за тоа, отворено и јавно преку медиумите, но можностите на САД и воениот капацитет, далеку ги надминуваат руските капацитети. Видовме дека тоа се илустрира и графички во војната во Украина со руската армија. Значи, да сум на местото на Владимир Путин, би бил загрижен.

XS
SM
MD
LG