Линкови за пристапност

Русија извршила широк опсег на воени злосторства во Украина, велат ОН


Меѓународна истражна комисија на ОН заклучила дека воените злосторства вклучуваат напади врз цивили и инфраструктура поврзана со енергија, намерни убиства, тортура и нечовечко постапување, незаконско затворање, силување и незаконски префрлања и депортации на деца
Меѓународна истражна комисија на ОН заклучила дека воените злосторства вклучуваат напади врз цивили и инфраструктура поврзана со енергија, намерни убиства, тортура и нечовечко постапување, незаконско затворање, силување и незаконски префрлања и депортации на деца

Истражителите на Обединетите нации ги обвинија руските власти за тешки и прекршувања од големи размери на човековите права на украинските цивили, што, во многу случаи, може да претставуваaт воени злосторства и злосторства против човештвото.

Во својот прв сеопфатен извештај за ситуацијата во Украина откако Русија ја нападна на 24 февруари 2022 година, тричлената Меѓународна истражна комисија за Украина заклучи дека „руските власти извршиле бројни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународните човекови права, покрај широкиот опсег на воени злосторства“.

Воените злосторства вклучуваат напади врз цивили и инфраструктура поврзана со енергија, намерни убиства, тортура и нечовечко постапување, незаконско затворање, силување и незаконски префрлања и депортации на деца од Украина во Руската Федерација.

„Конфликтот во Украина имаше разорни ефекти на различни нивоа“, рече Ерик Мозе, претседател на комисијата. „Човечките загуби и општото непочитување на животот на цивилите се шокантни“.

„Бројот на раселени лица или оние кои бараат засолниште во странство е најголем во Европа од Втората светска војна“, рече тој.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања објави дека повеќе од 5,4 милиони луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 8,1 милион Украинци побегнале како бегалци во соседните европски земји.

XS
SM
MD
LG