Линкови за пристапност

Едмондс: Постои култура на „вжештени глави“ меѓу руските пилоти - да вознемируваат при „пресретнување“ дронови


Секретарот Остин разговараше со нив и тоа е добра работа. Сигурен сум дека им соопштивме на Русите, дека тоа е целосно неприфатливо, вели Едмондс.
Секретарот Остин разговараше со нив и тоа е добра работа. Сигурен сум дека им соопштивме на Русите, дека тоа е целосно неприфатливо, вели Едмондс.

Во ексклузивно интервју за руската редакција на Гласот на Америка, Џефри Едмондс, поранешен директор за Русија во Советот за национална безбедност и виш аналитичар во истражувачкиот центар ЦНА се осврнува на сослушувањето на комисијата за вооружени сили на Сенатот при што беше нагласено зголемување на непрофесионалното однесување на руските воздухопловни сили.

Глас на Америка: Стејт департментот, сепак, посочи дека соборувањето на дронот најверојатно не било намерно од руска страна. Можете ли да ни помогнете да разбереме што најверојатно, се случило?

Џефри Едмондс: Секако. Руските воздухопловни сили и руската морнарица имаат долга историја на прилично ризично однесување барем во споредба со две западни воени сили. Овој вид на интеракција не е нов. Се согласувам со администрацијата на САД дека најверојатно ова не било намерно. Имаше многу луѓе кои веднаш на Интернет изјавија дека ова е стратешка порака, директно од претседателот Путин. И не верувам во тоа, затоа што едноставно не му кажуваш на пилотот да го насочи својот авион во нешто за да испрати порака до некој друг, бидејќи тоа испраќа многу чудна порака“.

Глас на Америка: Со оглед на севкупното воено распоредување во регионот, дали се чекаше да се случи таков инцидент? И, дали беше неизбежно во извесна смисла, само гледајќи како се развива конфронтацијата во моментов, и како се одвиваат работите на теренот?

Џефри Едмондс: Мислам дека веројатноста за вакво нешто се зголеми во војната. Русите летаат со авиони покрај САД на прилично редовна основа. И она што го мислам поради зголемените тензии во регионот кои би можеле да ги наведат овие пилоти кои веројатно се насочени да вознемируваат, да бидат малку поагресивни. И така мислам дека само со оглед на зголемениот број на извидување што го вршиме, зголемената општа воздушна активност во регионот, мислам дека вакво нешто веројатно ќе се случеше.

Глас на Америка: И дали е тоа некаква иницијатива од пониско ниво? Дали, доаѓа од врвот од Кремљ?

Џефри Едмондс: Мислам дека е тешко да се каже зашто има неколку различни фактори. Најверојатно им било наредено, барем да го придружуваат дронот. Откако ќе им биде наредено да придружуваат, постои култура меѓу руските воздухопловни сили и руската морнарица на „вжештени глави“ - да бидат многу агресивни со нивните авиони и со нивните бродови на ист начин како што и би вршеле опасни маневри. Значи, не е јасно дали им било кажано „да покажуваат мускули“ или само да придружуваат. А придружбата, излегла од контрола. Не знаме, без разлика, дали тоа било режирано или не“. Рускиот амбасадор во Вашингтон се изјасни за инцидентот и беше повикан во Стејт департментот да даде објаснување, а тој рекол дека американското беспилотно летало, според руските извори, собирало разузнавачки информации за украинските сили. Тој потсети и на потенцијалот на овој тип на беспилотни летала да носат бомби, што беше потврдено од извори на Њујорк Тајмс. Не носеа бомби, но потенцијално е можно. Не знам дали се користат за Украина или тоа е само за наши цели, не е јасно, но, ние со години летаме дронови во истата област. Овде нема ништо ново, но руската влада, генерално не ги признава меѓународните бариери и граници.

Глас на Америка: Зборувајќи за пошироката слика на теренот, како ги оценувате обидите за конфликт што се случија во последните два дена?

Џефри Едмондс: Секретарот Остин разговараше со нив и тоа е добра работа. Мислам дека тие линии се отворени и повеќето луѓе не го разбираат тоа. Всушност, за двете страни е многу лесно да разговараат, ако и двете се согласат. Мислам дека ова беше добра ситуација кога тие практикуваа многу внимателен протокол за се уверат дека има ненамерна ескалација. Сигурен сум дека им соопштивме на Русите, дека тоа е целосно неприфатливо. Како што реков, на дронот му беше дозволено да лета во таа област.

Глас на Америка: Колку Вашингтон е сега загрижен поради тоа што овие беспилотни летала завршија во рацете на руската војска?

Џефри Едмондс: Мислам дека очигледно не би сакале да бидат во рацете на Русија. Но, дури и Русите да успеат да го анализираат, многу е тешко да промени нешто. Дури и да можат да осознаат како е составен и што е неговата функција, не можат да го користат. Тие, едноставно, немаат средства, поради западните санкции во моментов.

XS
SM
MD
LG