Линкови за пристапност

Зборуваме за проширување на хуманитарната помош до Газа, рече Саливан


САД денес соопштија дека е прерано да се каже дали Израел прави доволно за да ги заштити цивилите во Газа и покрај некои подобрувања и оти очекуваат израелските сили да не ги напаѓаат зоните што ги идентификуваа како безбедни
САД денес соопштија дека е прерано да се каже дали Израел прави доволно за да ги заштити цивилите во Газа и покрај некои подобрувања и оти очекуваат израелските сили да не ги напаѓаат зоните што ги идентификуваа како безбедни

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека САД сè уште зборуваат за обидот да се најде начин за придвижување напред со заложниците и обезбедување хуманитарна помош во Газа.

„Изминатиов викенд одржав неколку рунди интензивни телефонски повици со партнери во Израел, Египет, Катар и други нации, бидејќи ние остануваме интензивно ангажирани во во основа нон-стоп дискусија за случувањата во регионот по разорните терористички напади на Хамас на 7 октомври. Сè уште зборуваме за обидот да се најде начин напред за заложниците. Зборуваме за одржување и проширување на хуманитарната помош до Газа. Зборуваме, се разбира, за статусот на воената операција на Израел додека се брани од терористичката организација, која ја објави својата намера да ги повторува масакрите од 7 октомври повторно и повторно“, рече Саливан на брифинг за новинарите во Белата куќа.

На прашањето за тоа дека Хамас одбива да ослободува жени, Саливан рече:

„Претседателот и јас, заедно со секретарот Блинкен и директорот Барнс, ќе останеме во контакт со нашите колеги од Израел и Катар, како и со нашите египетски колеги за да го притиснат Хамас за ова прашање. Во моментов Хамас одбива да ги ослободи цивилните жени кои требало да бидат дел од договорот. И токму тоа одбивање на Хамас предизвика крај на договорот за заложници, а со тоа и крај на паузата во непријателствата“.

Саливан нагласи дека надвор од она што се случува во Израел и Газа, има случувања во регионот пошироко.

„Изминатиов викенд беа забележани четири напади врз три одделни комерцијални бродови кои работат во меѓународни води во Јужното Црвено Море. Три пловила кои се поврзани со 14 различни нации што може да ви покаже до кој степен ова е навистина извор на глобална загриженост и закана за меѓународниот мир и стабилност“, рече тој.

САД денес соопштија дека е прерано да се каже дали Израел прави доволно за да ги заштити цивилите во Газа и покрај некои подобрувања и оти очекуваат израелските сили да не ги напаѓаат зоните што ги идентификуваа како безбедни.

Како знак дека Вашингтон е загрижен за тоа колку се безбедни таквите области, Саливан рече дека САД очекуваат Израел да не ги нападне.

„Тие, исто така, посочија дека има области каде што ќе има зони „забранети“ за напади, и во тие зони очекуваме Израел да продолжи да не напаѓа“, им рече тој на новинарите.

Саливан, исто така, рече дека САД и Израел разговарале колку долго треба да продолжи војната со Хамас, но тој одби да ја сподели таа временска рамка.

Интензивни израелски воздушни напади во понеделникот го погодија јужниот дел на појасот Газа, при што беа убиени и ранети десетици Палестинци, вклучително и во областите каде Израел им порача на луѓето да бараат засолниште, рекоа жителите и новинарите на теренот.

Борбите меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас продолжија во петокот по седумдневна пауза за размена на заложници и затвореници и доставување хуманитарна помош.

Американските функционери, јавно и приватно, постојано го повикаа Израел да ги минимизира цивилните жртви во јужниот дел на Газа.

„Прерано е да се направи конечна проценка“, изјави портпаролот на Стејт департментот Мет Милер, на прашањето дали Израел го слуша советот на САД.

„На север... видовте како бараат, или наредиле, повеќе од милион луѓе да се преселат. Видовме многу повеќе насочено барање за евакуација овде“, додаде тој, велејќи дека Израел идентификувал одредени населби каде планирале операции „наместо да му кажете на цел град... да ги напуштат своите домови“.

„Значи, тоа е подобрување на она што се случи претходно. Тие им наложија да се преселат во области за кои знаеме дека се зони без конфликт“, додаде тој.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG