Линкови за пристапност

За маржи до 70 отсто, Пазарната инспекција изрече казни од 42 илјади евра

За маржи до 70 отсто, Пазарната инспекција изрече казни од 42 илјади евра
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки.

Тоа денеска на пресконференција во Скопје го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојковски.

Во Пазарната инспекција, како што истакна Стојкоски, се работат уште 30 предмети за да се утврди прецизно дали и какви неправилности има а со овие предмети се опфатени сите ланци на големи трговци.

Пазарните инспектори денеска го потврдија тоа што се шпекулираше во јавноста - за голем број продукти разликата во цената од граница до рафт во продавница односно бруто профитната маржа била и над 70 проценти.

Обврската за објавување на цени на интернет стапува на сила следниот месец а цените мора да бидат исти и на рафтовите ниту повисоки ниту пониски бидејќи во спротивно следуваат казани до 10 илјади евра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG