Линкови за пристапност

Војната нè направи посилни: Украинците во Скопје го одбележаа денот на независноста


Војната нè направи посилни како нација, догодина сакаме да славиме во слободна земја, рекоа дел од украинските граѓани на одбележувањето во Скопје
Војната нè направи посилни како нација, догодина сакаме да славиме во слободна земја, рекоа дел од украинските граѓани на одбележувањето во Скопје

Годинава националниот украински празник се поклопи со датумот на кој се заокружуваат шест месеци од руската инвазија врз Украина. Украинските граѓани што престојуваат во државава се надеваат дека догодина ќе слават во целосно слободна Украина

Војната нè направи посилни како нација, догодина сакаме да славиме во слободна земја, беа дел од изјавите на украинските граѓани кои денеска во Скопје го одбележаа Денот на независноста на нивната нација, 24 Август. Настанот се одржа на скопскиот плоштад, каде во исто време со граѓани во педесет други земји, се пееше национална химна на Украина и беа упатени пораки за поддршка на украинските борци.

Годинава националниот украински празник се поклопува со датумот на кој се заокружуваат шест месеци од руската инвазија врз Украина.

Украинските граѓани во Скопје го одбележаа денот на независноста, 24 Август
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

„Оваа војна нè промени како нација и станавме многу посилни. Видовме и кои се нашите вистински пријатели. Видовме дека Украина може да опстои со помошта и поддршката од вистинските пријатели“, рече во изјава за Гласот на Америка, Александар Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“, кое го организира денешното одбележување.

Тој искажа и голема благодарност за македонската помош кон Украина во изминатите месеци.

Украинскиот народ нема никогаш да ја заборави помошта од македонските граѓани
Александр Урбанович, Престедател на Украинското здружение

„Македонија е мала држава, но со лавовско срце. Помошта што ја даде за Украина, е и повеќе од тоа што можеше. Украинскиот народ нема никогаш да ја заборави таа поддршка“, додаде Урбанович.

Од Украина доаѓа и Снежана Мелник, уметница која неколку години веќе живее во Скопје со своето семејство.

„Никој не можеше да поверува дека може да се случи такво нешто со нашата земја. Но, тоа уште повеќе го зацрвстува нашиот дух и покажуваме колку сме независни како народ и држава. Посакуваме како слободни луѓе да ја славиме нашата држава“, вели Мелник.

На прославата присуствуваа делегации и од дипломатските претставништва во земјава. Меѓу нив беше и амбасадорката на САД, која истакна дека Украина може да победи во војната.

Амбасадорката на САД на чело од поворката со украинското знаме
Амбасадорката на САД на чело од поворката со украинското знаме
Ги слушнавте нивните гласови. Украина ќе победи. Веруваме во тоа и ние сме дел од напорите за нивна поддршка
Кејт Мари Брнз, амбасадорка на САД

„Слушнавте денеска, ги слушнавте нивните гласови. Украина ќе победи. Веруваме во тоа и ние сме дел од напорите за нивна поддршка“, рече амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Во рамките на одбележувањето беше формирана и поворка во која учествуваа и странските дипломати. Учесниците заедно го носеа украинското знаме до средината на Камени мост од каде беше развеано над Вардар.

Во Украина денеска беа откажани повеќето од прославите, поради стравувања од руски напади врз цивилни цели.

Од САД денеска дојдоа најави за дополнителна помош од три милијарди долари, за обука и снабдување на украинските сили, а со цел да се зацврсти способноста на Украина за подолготрајна самостојна одбрана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG