Амбасадата на САД во Киев предупреди на зголемена можност од руски воени напади врз Украина во наредните денови и повторно ги повика американските граѓани да заминат доколку можат.
„Стејт департментот има информации дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови“, соопшти Амбасадата во предупредувањето на својата веб-страница.
„Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да ја напуштат Украина сега користејќи ги приватно достапните опции за копнен транспорт доколку е безбедно да се направи тоа“, се вели во предупредувањето.
Киев ги забрани јавните прослави во главниот град по повод годишнината од независност од советската власт в среда, наведувајќи ја зголемената закана од напади.