Линкови за пристапност

САД ќе објават нова помош од 3 милијарди долари за Украина


Американските власти се очекува денес да објават дополнителна нова помош од три милијарди долари за обука и снабдување на украинските сили во наредните години. Официјалните лица рекоа дека помошта ќе финансира договори за беспилотни летала, оружје и друга опрема што можеби нема да се користи на борбениот фронт една или две години.

За разлика од повеќето претходни пакети кои обезбедуваа непосредна помош на бојното поле, новото финансирање е главно насочено кон помагање на Украина да ја обезбеди својата долгорочна одбрана.

Новата помош ќе биде надополнета на околу 10,6 милијарди долари воена помош што САД веќе и ја испратија на Украина во последната година и половина.

Некои информации се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG