Линкови за пристапност

Зеленски: Украинците ќе се борат до крај


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украинците „се борат за нашата судбина“ додека земјата го одбележува Денот на независноста.

Говорејќи во видео-обраќање од Плоштадот на независноста во Киев, Зеленски рече дека Украина ќе се бори за својата земја „до крај“ се додека војната не биде окончана со мир, а Украина сака победа.

„Ние не тргуваме со нашите земји и со нашите луѓе. За нас Украина е само цела Украина. Сите 25 региони, без никакви отстапки или компромиси“, рече Зеленски.

Зеленски рече дека Украина ќе ја врати контролата врз источниот регион Донбас, како и врз Крим.

Руските сили го префрлија својот фокус на Донбас откако не успеаја во нападот кон украинскиот главен град Киев. Сепаратистите поддржани од Русија се борат со украинските сили во Донбас од 2014 година. Истата година, Русија го анектира Крим - потег што не беше признат од меѓународната заедница.

Прославите на Денот на независноста беа забранети во Киев бидејќи украинскиот лидер и САД предупредија на зголемените руски напори за воени удари на цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина.

Некои информации се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG