Линкови за пристапност

Забрана за руски авиони на македонското небо


Забрана за прелет на авиони од руски авио-компании воведе македонската влада на денешната седница.

Одлуката, како што се вели во соопштението од прес-службата на Владата, е следење на препораките од земјите членки на ЕУ.

„Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“, се вели во владиното соопштение.

Сепак, одлуката не важи за хуманитарните летови и за итните случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG