Линкови за пристапност

САД и сојузниците се обврзаа да исклучат „одредени руски банки” од Свифт 


Ова ќе обезбеди дека овие банки се исклучени од меѓународниот финансиски систем и ќе им наштети на нивната способност да работат на глобално ниво, објави Белата куќа
Ова ќе обезбеди дека овие банки се исклучени од меѓународниот финансиски систем и ќе им наштети на нивната способност да работат на глобално ниво, објави Белата куќа

САД, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Канада, најавија дека се обврзуваат „да осигураме дека одредени руски банки се отстранети од системот Свифт”.

„Ова ќе обезбеди овие банки да бидат исклучени од меѓународниот финансиски систем и ќе им наштети на нивната способност да работат на глобално ниво”, објави Белата куќа.

Во изјавата се вели „додека руските сили го започнуваат својот напад врз Киев и другите украински градови, ние сме решени да продолжиме да наметнуваме трошоци за Русија што дополнително ќе ја изолира Русија од меѓународниот финансиски систем и нашите економии. Овие мерки ќе ги спроведеме во наредните денови”.

САД и сојузниците, исто така, се обврзуваат „да наметнеме рестриктивни мерки што ќе ја спречат Руската централна банка да ги распоредува своите девизни резерви на начини што го поткопуваат влијанието на нашите санкции. Се обврзуваме да дејствуваме против луѓето и ентитетите кои ја помагаат војната во Украина и штетните активности на руската влада. Поточно, ние се обврзуваме да преземеме мерки за ограничување на продажбата на државјанства - т.н. златни пасоши - што ќе им овозможи на богатите Руси поврзани со руската влада да станат граѓани на нашите земји и да добијат пристап до нашите финансиски системи”.

Државите најавија и дека се оваа недела ќе започнат трансатлантска работна група која ќе обезбеди ефективно спроведување на финансиските санкции преку идентификување и замрзнување на имотот на санкционираните поединци и компании.

„Ние стоиме со украинскиот народ во овој мрачен час. Дури и надвор од мерките што ги објавуваме денеска, ние сме подготвени да преземеме дополнителни мерки за да ја повикаме Русија на одговорност” се вели во заедничкото соопштение што го објави Белата куќа.

XS
SM
MD
LG