Линкови за пристапност

Украина: Молотови коктели за одбрана во Киев, Зеленски прифаќа мировни преговори, но не во Минск


Следејќи ги одлуките на повеќето европски земји, македонската влада забрани прелет на руски авиони на македонското небо. Од одлуката се изземаат само хуманитарни летови и итни случаи

Жители на Киев, со помош на војската, почнаа масовно да приготвуваат молотови коктели во очекување на можното навлегување руски трупи во градот. Украинските власти деновиве ги повикаа граѓаните да се подготват за одбрана, а им доделија и големи количини пешадиско оружје и муниција.

Во синоќешното тешко бомбардирање на вториот по големина град во Украина, Харков бил погоден гасовод. Украинските власти предупредија на можна еколошка катастрофа поради пожарот на гасната мрежа и ги повикаа тамошните жители да се заштитат од облакот чад.

Во ракетирања во текот на ноќта биле погодени и нафтени резервоари кај воената воздушна база, Василкив, во близина на Киев. Во саботата вечерта руската војска извршила повеќе напади врз нафтена и гасна структура и резервоари.

Во обраќање до нацијата, пак, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека се согласува за мировни преговори со Москва.

Сепак, тој ја одбил понудата место на преговори да биде главниот град на Белорусија, Минск, зашто, како што истакна, дел од нападите на руските сили се од белоруска територија.

Зеленски предлага неутрални градови за одвивање на преговорите и ги спомна Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку.

Рускиот претседател, пак, Владимир Путин, упати благодарност до учесниците во, како што рече, специјалната операција за помош на луѓето од народните републики во Донбас.

Забрана за прелет на руски авиони на македонското небо

Голем дел од европските земји воведоа забрана за прелет на авиони од руски компании. Во забраната се вклучи и Северна Македонија.

„Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“, се вели во соопштението од македонската влада.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Жители на Киев приготвуваат молотови коктели за одбрана на градот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00


(Извори: Associated Press; Влада на РСМ)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG