Линкови за пристапност

Повеќе од 150.000 Украинци ја напуштиле државата поради руската инвазија, објавиja ОН


Половина од нив заминале во Полска, а многу во Унгарија, Молдавија, Романија и пошироко
Половина од нив заминале во Полска, а многу во Унгарија, Молдавија, Романија и пошироко

Руската инвазија на Украина би можела да принуди дури 4 милиони Украинци да ја напуштат својата земја, соопштија Обединетите нации (ОН) оваа недела, што би довело до една од најтешките бегалски кризи во Европа во повеќе од 70 години.

Според високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, заклучно со рано утринава, повеќе од 150.000 Украинци преминале во соседните земји, а околу 75.000 преминале во Полска.

Гранди утрово на Твитер објави дека бројот на внатрешно раселените бегалци во Украина „исто така расте, но воената ситуација го отежнува проценувањето на бројките и обезбедувањето помош“.

Полска, заедно со Молдавија, Романија, Словачка и Унгарија ги олабави граничните контроли за ковид-19, за да им овозможи на Украинците кои бегаат од руското насилство.

Полската влада прогласи отворени граници и рече дека нема да бара официјални документи.

„Ќе им помогнеме на сите. Нема да оставиме никого без помош“, соопшти полската гранична агенција.

Бегалците се првенствено жени, деца и постари лица, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на оваа недела им забрани на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.

Во САД, администрацијата на Бајден побара од Конгресот да обезбеди 6,4 милијарди долари за Украина, од кои дел ќе бидат наменети за хуманитарна помош.

Американскиот сенатор Крис Кунс, изјави за новинарите во петокот дека поддржува итни трошоци од најмалку 10 милијарди долари за поддршка на украинската војска и бегалците.

Некои од информациите во овој текст се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG