Линкови за пристапност

Со траењето на затварањето на владата фрустрацијата расте


Дури и кај оние кои затварањето не ги погаѓа директно, општо е чувството дека работите не се нормални

Во Вашингтон, некои работи изгледат нормално – луѓе пешачат на Националното шеталиште, одат на работа.

Пад од 20 до 25 проценти меѓу корисниците
Метро во Вашингтон
Но, спомениците и другите знаменитости се затворени. Улиците се полупразни. Помалку луѓе се во градскиот сообраќај, а вашингтонското метро кое објави пад од 20 до 25 проценти меѓу корисниците.

Иако многу владини канцеларии во Вашингтон се затворени, Во Њујорк и натаму се издаваат пасоши. Нема застој ниту во доставата на чекови за социјално осигурување. На меѓународниот аеродром Далас во Вашингтон, контролорите за летање велат дека нема проблеми со полетувањата и слетувањата на авионите.

Сепак, туристи како Сарина Кавахара од Јапонија, не го избегнала делумното владино затворање на владата.

Големо разочарување што нема да го видиме Вашинтон како што сакавме, вели таа.

Ветеранот Дејвид Кук се обидел да купи намирници во неговата локална воена база. Вели, не можел да купи храна ниту да стави бензин во автомобилот за да ги пречека сопругата и синот на аеродром, зашто се` на базата било затворено. Затоа морал да плати се` поскапо на друго место.

Делумното затворање на владата предизвика нервоза и во Њујорк. Програмата за згрижување сиромашни деца спонзорирана од владата, е затворена.

Други Американци имаат друг вид проблеми. Семејството Рид од сојузната држава Индијана е во исчекување за одобрување на кредит што сега нема кој да го процесира.

Уште колку долго ќе трае сево ова? Ова прашање мачи многумина кои чекаат да заврши делумното затворање на владата. Никој не го знае одговорот.
XS
SM
MD
LG