Делумното затварање на владата влезе во трет ден овој четврток без решение на повидок.
Американските конгресни лидери се сретнаа на околу еден час доцна во средата со претседателот Барак Обама, но излегоа од состанокот зад затворени врати без напредок по конфликтот за буџетот што предизвика затварање на владата.
Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер рече дека претседателот Обама рекол дека нема да преговара за договор за повторно отварање на владата. Републиканецот Бејнер рече дека му кажал на претседателот дека сака дискусија за тоа што го нарече „чесност“ по програмата за здравствена заштита на Обама, Актот за пристапна здравствена заштита.
Републиканците сакаат да го врзат финансирањето на владата со одлагање или дефинансирање на програмата за здравствена заштита.
Сенатскиот демократски лидер Хари Рид кажа дека демократите сакаат да разговараат со републиканците за се` што бараат, но само ако буџетот мине и владиното затварање заврши.
Белата куќа средбата во средата ја нарече корисна и кажа дека на претседателот му е мило што се случила. Но пред разговорите Обама на телевизијата CNBC рече дека направил се` што може да работи со републиканците. Кажа дека е гневен, нарекувајќи го затворањето на владата тотално непотребно.
Американската влада затвори на полноќ во понеделникот откако демократите одбија да го усвојат републиканскиот буџетски предлог што ќе ја дефинансира или одложи програмата за здравствена заштита.
Обама рече дека ниеден претседател не може ефективно да раководи ако дозволи екстремисти од која било партија да изнудуваат компромиси. Тој апелираше до спикерот Бејнер да донесе на гласање во Претставничкиот дом чист буџетски предлог.
Затварањето принуди привремено да бидат отпуштени над 800.000 федерални работници и затвори многу национални паркови и федерални агенции.