Затварањето на американската влада го принудува претседателот Барак Обама да откаже две станици на неговото претстојно патување во Азија.
На вториот ден од затварањето, Белата куќа кажа дека Обама ги крати планираните посети на Малезија и на Филипините. Но известувачот на Белата куќа за Гласот на Америка, Ден Робинсон, вели дека претседателот сепак планира да ги направи првите две застанувања, во Индонезија и Брунеи, за да присуствува на АПЕК и на самитите на Источна Азија.
„Многу е во залог за претседателот Обама. Како што знаете, тој не отиде на самитот на АПЕК во 2012. Него го претставуваше тогашната државна секретарка Хилари Клинтон. Навистина е важно за американски лидер, имајќи ја предвид улогата на Азија во економската и воената безбедност, и стратегијата за Азија, тој да се појави на овие средби“.
Затварањето влезе во сила рано во вторникот откако законодавците го испуштија рокот за продолжување на федералното финансирање.
Републиканците во Претставничкиот дом сакаа да го врзат финансирањето на владата со дефинансирањето на законот за здравствена заштита на претседателот Обама.
Секој таков обид беше одбиен од Сенатот под контрола на демократите, кој треба да даде согласност за буџетската легислатива.
Речиси еден милион федерални работници во САД се отпуштени и затварањето ги држи националните паркови и многу федерални агенции под клуч.
Истражување на Универзитетот Квинипек објавено во средата индицира дека 72 проценти од американските гласачи се против затварањето.
Повеќето од цивилите во Пентагон мора да останат дома, иако американската армија останува на должност. Вселенската агенција НАСА е речиси целосно затворена.
Федералните работници кои се на работа немаат гаранција кога ќе бидат платени.