Линкови за пристапност

ИФЈ: Демаскирање на глобалната стратегија на Кина во време на пандемијата со Ковид-19


Од почетокот на пандемијата, Пекинг ја искористи својата медиумска инфраструктура за да испрати позитивен наратив за Кина во националните медиуми, но и мобилизираше тактики за спроведување дезинформации.

Второто годишно истражување на Меѓународната федерација на новинарите ( ИФЈ ) во заклучокот за 2020-та иницираше дека Кина ја искористи пандемијата со Ковид-19 да го зајакне имиџот во глобалното медиумско покривање.

Повеќе од половината на државите објавија дека покривањето за Кина во националните медиуми е попозитивно од почетокот на пандемијата. Има видливо зголемување за информациите по медиумите за Кина, од 64 на 76 отсто.

Во извештајот се додава дека официјален Пекинг презема интервенционистички пристап во речиси една на пет држави во светот, и кинеската амбасада или амбасадорот на ова земја има позачестени настапи со коментари во локалните медиуми.

Од почетокот на пандемијата, Пекинг ја искористи својата медиумска инфраструктура за да испрати позитивен наратив за Кина во националните медиуми, но и мобилизираше тактики за спроведување дезинформации. Истовремено, Пекинг, обезбедуваше домашно и меѓународно покривање, прилагодено за секоја држава, од неанглиско говорно подрачје.

Истовремено, Пекинг ги ограничуваше визите за странски новинари, при што многу новинарите беа принудени да заминат од Кина. Вакуумот на тоа известување беше пополнето со државно одобрена содржина од Пекинг, која честопати беше нудена, бесплатно.

Државите го потценија влијанието од Пекинг врз медиумските системи за време на Ковид-19. На национално ниво, новинарите ја критикуваа пропагандата од Пекинг, како неумесна и нерелевантна, и беа убедени дека сопствените медиуми ќе го заштитат медиумскиот простор од кинеските информации. Но, ако се погледне глобално, резултатите се поинакви. Кина излезе од пандемијата со Ковид-19 со попозитивен медиумски имиџ за нејзините мерки и политики отколку во периодот пред пандемијата.

Кинеската пропаганда се ширеше преку различни јазици, иако и оние коишто не многу распространети на глобално ниво, италијански или српски.

Во 2020-та, пандемијата со Ковид-19 му овозможи на Пекинг да ја активира инфраструктурата за да промовира позитивен наратив кон Кина во глобалните медиуми.

Новинарите потврдија дека регистрирале зголемување на кинеска содржина во медиумските простори, на пример најмалку едем текст во српските медиуми, и 50 вести дневно, коишто ги пренесувала италијанската агенција АНСА во Италија.

Во многу земји во развој, Кина понуди медицинска и друга опрема за помош, вклучувајќи и опрема за производство на лични заштитни маски, лекови. На Кина тоа ѝ овозможи да ја зајакне пропагандната машинерија и да го илустрира статусот на Пекинг, како великодушен партнер за нациите во потреба.

Сепак, реалноста е што таканаречената кинеска помош за Ковид-19, беше нарачаната од Владите, а доби публицитет на донација. Кина исто така обезбеди корисни информации за коронавирусот, коишто не беа проверени во некои држави. Белорусија извести дека Кина „обезбедила и медицински и најверодостојни информации за пандемијата со коронавирусот“, додека Пакистан на кинеската соработка се гледаше како „позитивна која обезбедува информации да ги информира граѓаните за разни сценарија за време на пандемијата“.

Од анкетираните држави, 42 проценти од испитаниците примиле кинеска вакцина против Ковид-19. Подетални анализи покажаа дека земјите кои добиле кинески вакцини имале попозитивен наратив кон тоа, како Кина се справува со пандемијата.

Ширењето на влијанието на Кина ги мобилизирало напорите со обид за пласман на дезинформации, но и методите на „меко влијание“ преку серии, документарци и филмови. Во Тунис, има регистрирано, наплив на кинеска содржина за забава. Во Италија, испитаниците одговориле дека забележале зголемен број на документарци и уметнички проекти од Кина, по посетата на кинескиот претседател Ји Џипинг во април 2019-та.

Спалдинг: Стратегијата на Кина за ширење влијание во светот е различна од руската
Спалдинг: Стратегијата на Кина за ширење влијание во светот е различна од руската

Испитаниците рекоа дека популарноста на апликациите по социјалните медиуми во сопственост на Кина, забележала тренд на одбивање. 13 отсто од тие апликации се отфрлени, вклучувајќи ја и Индија каде 43 отсто од кинеските апликации се забранети. Во Непал, кинеските апликации за дигитално плаќање, WeChat и AliPay, се забранети, откако беше обелоденето дека тоа резултираше со губење на приходите во оваа хималајска нација. На Филипините, ТикТок е забранет од некои компании за време на работните часови. Но, сепак, во Перу, на ТикТок се гледаше како на инструмент за мобилизација на младите за време на про-демократските протести.

Во меѓувреме, се јавија и информации за преземање мерки врз државниот кинески телевизиски емитувач на вести Си-Џи-Ти-Ен. Во 2019-та, медиумските регулатори Офком во Британија го обвинија глобалниот државен кинески ТВ-Канал за пристрасно информирање на протестите во Хонг Конг во 2019-та. Офком објави дека Си-Џи-Ти-Ен ултимативно е под контрола на кинеската Комунистичка партија.

Во препораките од Меѓународната федерација на новинарите ( ИФЈ ) се наведува дека потребно е организирање семинари и работни маси за справување со дезинформации. ИФЈ разгледува организирање семинари за зголемување на медиумската свесност во локалните медиуми при налетот на глобалната кинеска медиумска пропаганда.

Меѓународната федерација на новинарите разгледува стратегија кон поголемо вклучување и ангажирање со кинеските новинари, внатре и надвор од Кина.

ИФЈ планира да го зголеми лобирањето кај Пекинг да понуди повеќе визи за странски новинари. Понатаму од Федерацијата се упатува повик до уредниците детално да ги разгледаат иницијативите и користа за медиумските работници, кои што прифаќаат кинески содржини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG