Линкови за пристапност

Кина потрошила речиси 64 милиони долари на пропаганда и лобирање во САД минатата година


Катар е на второто место со речиси 50 милиони долари, а Русија е трета со 42 милиони долари. И Катар и Русија имаат големи медиумски операции во САД.

Кинеските операции за ширење на странското влијание во САД се наголемо насочени кон телевизиско емитување и други медиумски активности, според новопојавениот извештај согласно, Актот за регистрација на странски агенти - ФАРА.

Водителка во глобалната кинеска телевизиска мрежа во сопственост на официјален Пекинг
Водителка во глобалната кинеска телевизиска мрежа во сопственост на официјален Пекинг

Државната кинеска глобална телевизиска мрежа (ЦГТН) лани потрошила повеќе од 50 милиони на американските операции, што е речиси 80% од целосните кинески трошоци за влијание врз американското јавно мислење и политика, според извештајот на ФАРА, што го објави Центарот за одговорни политики.

Ова е прва година, при што ЦГТН ги објави целосните трошоци од кога почна да емитува во САД во 2012-та. Во 2019-та, ги објави делумните трошоци од околу 11,4 милиони долари.

Севкупно, Кина потроши речиси 64 милиони долари на пропаганда и лобирање во САД, лани.

Ако се земат во предвид телевизиските операции, Кина потрошила повеќе средства за влијание врз јавното мислење од било која друга држава. Катар е на второто место со речиси 50 милиони долари, а Русија е трета со 42 милиони долари. И Катар и Русија имаат големи медиумски операции во САД.

Кинеското трошење пари за ширење пропаганда доаѓа во време кога официјален Пекинг се обидуваа го поправи глобалниот имиџ по појавата на глобалната пандемија со коронавирусот, што првично дојде од градот Вухан пред повеќе од една година.

Чајна Дејли, весник во сопственост на кинеската влада, јави за трошоци од три милиони долари лани, вклучувајќи и средства поврзани со реклами во американските весници, но, што е пад од 10 милиони долари, колку што биле потрошени минатата година.

Во извештајот се наведува дека додека поголемите трошоци се дел од оперативните операции, Чајна Дејли од време на време, објавува текстови во американските медиуми за влијание врз политиката на САД и креирање на јавното мислење.

Кина долго време негира дека врши операции за ширење на влијанието во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG