Линкови за пристапност

Предизвикот на Европа со бегалците – одговорот на меѓународната криза


Предизвиците и реакцијата на Европа со кризата со мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Предизвиците и реакцијата на Европа со кризата со мигрантите

Во Центарот Вудро Вилсон дискусија, каде соговорниците сметаат дека Владите и институции на ЕУ не прават доволно со оглед студеното време во зима

„Се работи за хуманитарна криза со оглед дека 10.000 лица секој ден стапнуваат на европско тло. Ова е политичка криза на ниво на ЕУ, но и на глобално. Не загрижува само бројката, туку интервалот на бегалци, затоа што само во октомври пристигнале повеќе бегалци отколку за цела година“, едногласни беа експертите на дискусијата во Центарот Вудро Вилсон во Вашингтон.

Зимата и студеното време не ги одвраќа бегалците и Европа очекува 1 милион бегалци до крајот на годината. „ЕУ е елитистички проект каде владее ксенофобија и затоа треба да ја промени имиграционата политика. „Тоа чувство е особено изразено кај новите членки од Источна Европа“ - коментира професорот Чарлс Гати од Катедрата за европски и евроазиски прашања при Универзитетот Џонс Хопкинс. Според него, ЕУ мора да му помогне на Балканот, чии земји претежно не се дел од Унијата:

„Балканските држави имаат потреба од голема финансиска поддршка за да се справат со бегалската криза. Неодамна, канцеларката Меркел и понуди 3 милијари евра помош за Турција. Ова е добар тајминг Балканот да и` покаже на ЕУ, дека може да биде корисен дел ако целосно се интегрира во неа“, оцени професорот Гати.

Капетанот Брајан Лиско од Крајбрежната гарда на САД, кој неколку години додека бил стациониран на Малта, учествувал во бројни спасувачки напори во јужниот дел од Медитеранот и за Гласот на Америка го пренесува личното искуство:

„Масовната миграција која САД ја имаат искусено е многу незначителна во споредба со тоа што се случува сега во Европа. Националната гарда на земјите од ЕУ одлично се справуваат со бранот мигранти со спасување на илјадници животи долж Медитеранот“, изјави морнаричкиот капетан Лиско.

Кетлин Њуланд е ко-основачка и аналитичарка во Институт за политиката спрема мигрантите во Вашингтон, и потсетува дека иако досега се одржале шест Самити на ЕУ, и има најави и заложби за поголема помош, сепак, отсуствуваат конкретни мерки.

За улогата на САД, во кризата со мигрантите вели дека бројката од 10.000 прифатени лица, претежно Сиријци, е недоволна, вели таа:

„Мислам дека со тек на време САД, ќе почнат да прифаќаат повеќе сириски бегалци од прифатните центри. Процедурите и мерките за проверка на нивните идентитетот се премогу бавни, бирократски, чинат многу пари.

Тоа мора да се смени и да забрза процесот“, коментира аналитичарката Њуланд.

XS
SM
MD
LG