Линкови за пристапност

Австрија ќе гради ограда на границата


Според австриската министерка за внатрешни работи, оградата ќе биде со цел да го забави приливот на мигранти во нивната земја.

Микл-Леитнер соопшти дека оградата е со цел да се стави под контрола и да се организира влезот во Австрија, а не да се одбиваат мигрантите.

Зборувајќи со новинарите на границата, Микл-Леитнер го употреби терминот „технички бариери“ за да го објасни планот за изградба. Таа не најави колку време ќе трае изградбата или колку е буџетот.

Во вторникот, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ги критикуваше земјите членки за неекспедитивност во обезбедување парични фондови и експерти, за подобро справување со најголемата миграција во Европа од Втората светска војна.

Во извештајот до Европскиот парламент во Стразбург, тој ја нагласи потребата од повеќе парични фондови и експерти.

XS
SM
MD
LG