Линкови за пристапност

Научници истражуваат зошто се губи чувството за мирис при Ковид-19


Со оглед дека чувството за мирис е поврзано со чувството со вкус, коронавирусот се одразува и врз чувството за храна.

Нов извештај на Журналот за напредна наука открива зошто пациенти со Ковид-19 го губат чувството за мирис.


Истражувачите од медицинската школа при Харвард пронашле дека коронавирусот се инфилтрира во клетките кои обезбедуваат главна поддршка за невролошките сензори - неврони коишто го детектираат мирисот и ја испраќаат пораката до мозокот.

Со оглед дека чувството за мирис е поврзано со чувството со вкус, коронавирусот се одразува и врз чувството за храна.

Истражувачите велат дека 90% од излекуваните пациенти од Ковид-19 го повратиле чувството за мирис и вкус.

Во одделна студија, научниците се обидуваат да најдат одговор дали е можно излекуван пациент може повторно да се разболе од Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG