Линкови за пристапност

Можете ли да се заразите со коронавирус двапати?


Студија објавена неодамна откри дека антителатата кои се борат против коронавирусот може да траат само неколку месеци

Можете ли да добиете коронавирусот двапати?

Научниците сè уште не го знаат одговорот на ова прашање со сигурност, но веруваат дека тоа е малку веројатно.

Има извештаи за луѓе кои се тестирале позитивно на вирусот неколку недели откако се верувало дека закрепнале, што довело до тоа некои да мислат дека можеби биле повторно заразени.


Здравствените експерти сметаат дека луѓето кои имале Ковид-19 ќе имаат одреден имунитет против повторна инфекција.

Но, тие не знаат колкава би била таа заштита или колку долго би траела.

Има извештаи за луѓе кои се тестирале позитивно на вирусот неколку недели откако се верувало дека закрепнале, што довело до тоа некои да мислат дека можеби биле повторно заразени.

Поверојатно е, според експертите дека луѓето страдале од истата болест или тестовите откриле остатоци од оригиналната инфекција. Исто така, постои можност тестовите да дадат грешни резултати.

Научниците велат дека нема документиран случај во кој пациент го проширил вирусот на други лица, откако бил повторно позитивен.

Со слични вируси, студиите покажаа дека луѓето би можеле повторно да се разболат три месеци до една година по првата инфекција. Сè уште е рано да се знае дали тоа е можно и со коронавирусот.

„Тоа е нова наука“, рече д-р Филип Ландриган, директор на глобалната програма за јавно здравје на колеџот Бостон.

Една мала американска студија објавена минатата недела, исто така, откри дека антителатата кои се борат против коронавирусот може да траат само неколку месеци кај луѓе со лесна слика на болеста, сугерирајќи дека луѓето би можеле повторно да станат подложни на вирусот.

Но антителата не се единствената одбрана против вирусот.И другите делови на имунолошкиот систем исто така можат да помогнат во заштитата.

Добивањето на одговор на прашањето дали е можно да се добие повторна инфекција е многу важно.

Ако може да се случи, тоа може да ја поткопа идејата за „пасоши за имунитет“ за враќање назад на работните места. Исто така, тоа би ги поткопале надежите за добивање на долготрајна вакцина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG