Линкови за пристапност

Може ли и македонското претприемништво да создаде еден Мате Римац?


Хрватскиот иноватор Мате Римац стана светска вест откако го купи автомобилскиот гигант „Бугати“. Неговата приказна е инспиративна за голем број стартап бизниси. Дали тоа ќе биде поттик и за македонските млади иноватори и претприемачи?

Може ли и македонското претприемништво да добие еден Мате Римац, хрватскиот млад иноватор кој стана светски бренд со погонот за електрични автомобили. Експерти за водење бизнис велат - да.

Може ли и македонското претприемништво да создаде еден Мате Римац?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00


„Веруваме дека во Македонија постојат многу наши таленти коишто сакаат истото да го направат. Патот до правење светски бренд е интензивна и напорна работа, во постојана соработка и партнерство со акцелератори, ментори, инвестициски фондови, коишто постојано ќе ви го менуваат вашиот светоглед и вашите перспективи за водење бизнис“, вели Александар Стамболиев, Извршен директор на „Бизнис акцелератор - УКИМ“.

Веруваме дека во Македонија постојат многу наши таленти коишто сакаат истото да го направат. Патот до правење светски бренд е интензивна и напорна работа.
Александар Стамболиев, Бизнис акцелератор УКИМ


Но, за тоа да успее, неопходни се системски промени. Од бизнис акцелераторот УКИМ, чиј коосновач е токму Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, укажуваат дека е потребен директен контакт на студентите со индустријата.

„Ако ни недостасува целосниот капацитет, како да го трансформираме знаењето во производ, не можеме да очекуваме дека студентите ќе бидат инспирирани само од академско знаење. Потребна ни е континуирана комуникација со индустријата и можности на студентите да работат на реални проблеми“, додава Стамболиев.


Развојот не е целосен, ако не се случува низ целата држава. На ова укажуваат од акцелераторот „XFactor“, чие седиште е во Велес.

„Се може и од Битола, и од Велес, и од Струмица и од Кавадарци и од Штип и од сегде низ Македонија. Тоа е предноста на глобализацијата и на 21. Век“, нагласува Игор Андреев, Коосновач на Бизнис акцелератор „XFactor“.

Информатичкиот сектор е водечки, но место за иновации има и во регионалните индустрии.

Се може и од Битола, и од Велес, и од Струмица и од Кавадарци и од Штип и од сегде низ Македонија. Тоа е предноста на глобализацијата и на 21. Век
Игор Андреев, Бизнис акцелератор „XFactor“


„Обично кога ќе се каже старт-ап во светски рамки, тоа е поврзано со софтверски решенија, апликации и слично. Не велиме не, велиме да. Но, ајде сега да ги ставиме во функција на традиционалните сектори во Македонија, текстилна индустрија, прехранбена индустрија, земјоделие“, додава Андреев.

За здрава претприемничка мисла неопходни се и едукатори. На пазарот веќе три години е присутен и Акцелераторот Сивус со програми за менторска поддршка.

„Она што е наш најголем фокус е индивидуалната поддршка што ја даваме кон стартапите. Гледаме кои се потребите на секој стартап, зашто тие се уникатни секој на свој начин, имаат различни предизвици, различни цели. Затоа се обидуваме да им најдеме соодветни ментори коишто ќе им помогнат да ги остварат тие цели коишто си ги имаат поставено стартапите“, вели Ангела Митриновска,
програмска координаторка на „Seavus Accelerator“.


Но, битно е да се размислува и пошироко.

„Се обидуваме да го смениме оној ‘мајндсет’, зашто Македонија е една од подобрите земји за пилотирање, за тестирање на продуктите, веројатно и во регионот. Но, се обидуваме да смениме оној ‘мајндсет’ на стартапите дека не треба да гледаат да останат само во границите на регионот, туку да го развиваат својот продукт за глобалниот пазар“, додава Митриновска.

Се обидуваме да смениме оној ‘мајндсет’ на стартапите дека не треба да гледаат да останат само во границите на регионот, туку да го развиваат својот продукт за глобалниот пазар
Ангела Митриновска, „Seavus Accelerator“


Познавачите се категорични, поддршката на младите таленти и претприемништвото се клучни за развој на општеството.

„Тоа ќе го сврти замаецот и по средните училишта, јавниот сектор, да почнат да воведуваат иновации во јавниот сектор. Тоа ќе ги заинтересира компаниите да почнат да воведуваат компаниски иновации. И на крајот на денот ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните во Македонија“, категоричен е коосновачот на „XFactor“ од Велес.

Конкурсите на бизнис акцелераторите се отворени. Останува на младите иноватори да ги пријават своите идеи.

XS
SM
MD
LG