Линкови за пристапност

Старт-ап експерти апелираат: Ресурсите за нови бизниси стојат неискористени


Македонскиот пазар да не се занемари, многу ресурси стојат неискористени и можностите на младите за почнување сопствен бизнис се поволни. Сепак, поради недоволно искуство и знаење и натаму се прават многу грешки, истакнуваат од „Startup Macedonia“

Никогаш не било полесно да се започне бизнис на македонскиот пазар, како што е тоа денес. Така сметаат од организацијата „Стартап Македонија“, фокусирана на развојот на домашниот старт-ап еко-систем.

„Никогаш не било полесно во Македонија да се започне бизнис, никогаш немало повеќе ресурси достапни за младите и за стартапџиите, никогаш немало поголема сплотеност и можност за поддршка и интерес, не зашто ние сме тука, туку зашто знаеме колку постојат ресурси неискористени“, укажува Игор Маџов, извршен директор на „Startup Macedonia“.

Старт-ап експерти апелираат: Ресурсите за нови бизниси стојат неискористени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00


Сепак, додаваат дека сè уште се прават многу грешки. Тоа особено важи за помладите претприемачи.

„Креирање решение што пазарот не го сака. Имаме искуство особено со технички основачи, коишто се затвораат во своите домови, креираат решение коешто во нивните глави е идеално, но кога ќе излезе на пазарот, се појавува јаз со побарувањата и решението не успева да се продаде“, додава Маџов.


Нивните истражувања покажале дека дел од слабостите на домашното претприемништво е немањето доволни знаења и искуство.

„После некое време сфаќаат дека не им биле ресурсите неопходни, туку знаењето како да го изградат бизнисот“, вели Маџов.

Кај младите е многу голем степенот на неуспех при почнувањето. Но, најдобро нешто што можат да го направат е баш тоа - да пробаат.
Игор Маџов, „Стартап Македонија“


Укажуваат дека за квалитетни кадри се неопходни измени и во образованието.

„Треба многу да се направи, посебно во формалното образование. Тоа што ние би сакале да го направиме како поддршка на формалното образование е да дадеме една компонента од реално искуство за градење старт-ап бизниси, преку млади претприемачи што поминале низ тој трнлив пат и знаат што сè е неопходно да се направи“, истакнува програмскиот директор на „Startup Macedonia“.

Просечната возраст на основачите на македонските стартапи е 35 години. Дел од нив веќе доживеале и неуспех. Но, од организацијата се категорични - тоа не треба да обесхрабрува.


„Кај младите е многу голем степенот на неуспех при почнувањето. Но, најдобро нешто што можат да го направат е баш тоа. Да пробаат и да успеат или не, додека се уште млади зашто сите ресурси им се ставени во насока да успеат. Доколку не успеат, тоа повторно е успех зашто добиле искуство што е непроценливо“, додава Маџов.

Пробивот надвор од границите е суштинска цел. Сепак, советуваат да не се занемари домашниот пазар.


„Македонија е земја со ниски трошоци. Затоа и велиме дека е „cost effective“ , не е евтина. Може за кусо време, со помалку ресурси да се дојде до таа валидација, да се понуди и тестира на домашниот пазар, а потоа да се атакува и на странските пазари“, советува Маџов.

Нивните анализи покажале дека бројот на домашните старт-ап бизниси расте. Во 2017 година биле 120, а годинава нивниот број пораснал на 300. Очекувањата се дека тој тренд ќе продолжи.

XS
SM
MD
LG