Линкови за пристапност

Власта го разгедува барањето на опозицијата за собраниска седница за ЕУ-интеграциите


Премиерот Христијан Мицкоски за 100 дена Влада
Премиерот Христијан Мицкоски за 100 дена Влада

Власта засега нема јасен одговор на барањето на опозицијата за свикување затворена собраниска седница на која ќе се разгледува прашањето на евроинтеграциите и што има намера да преземе мнозинството за деблокирање на процесот.

Иницијативата на СДСМ, која ја најави лидерот Филипче, следи една седмица откако ЕУ реши да ги одвои Албанија и Северна Македонија од заедничкиот пакет во пристапувањето – Тирана да оди напред, а Скопје да чека поради незавршените уставни измени.

„Мора и Венко Филипче нешто да каже. Во ред, еве ќе го анализираме неговиот предлог и брзо ќе дадеме позиција за овој негов предлог“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Еден час по оваа изјава на премиерот, се огласи и Али Ахмети – ги обелодени, како што ги нарече, петте приоритети во кои на прво место се евроинтеграциите.

„Евроинтеграци без никакво одлагање, ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг, контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години, истрага за процесот на приватизација и транзиција, почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците“, - тоа се петте приоритети на Ахмети кој пак побара „Вреди“, коалицијата партии на Албанците, да ја напушти владата.

Премиерот не гледа причина за такво нешто.

Власта размислува за седница за евроинтеграциите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

„Можам да кажам дека владината коалиција е стабилна, со речиси двотретинско мнозинство во парламентот. Имаме една стабилна ситуација, имаме одлична хемија, не секогаш имаме исти мислења за некои прашања, но имама заедничка цел, а тоа е земјата да ја направиме подобро место за живеење“, рече Мицкоски.

Настапот на премиерот беше на Криволак каде се одржа армиска вежба. Го придружуваше и амбасадорката на САД – стратешкиот партнер на земјава.

Анџела Агелер не ги коментираше закочените евроинтеграции. Кажа дека САД остануваат поддржувач на земјата за остварување на нејзините цели – порака која беше во контекст на воената соработка.

„Во идната година претстојат многу важни пресвртници и предизивици и за Армијата и за Министерството. Можам да ви ветам дека, како и претходно, ќе немате поголем поддржувач и партнер во исполнувањето на тие цели од САД. Знам дека претседателот тоа и го пренел на претседателката“, изјави Агелер.

Барањата на опозицијата за владата да даде јасен одговор што ќе преземе во делот на ЕУ-пристапувањето се интензивираа по одлуката на Унијата да ги раздвои земјава и Албанија од заедничкиот пакет.

Премиерот не отстапува од иницијативата уставни измени со одложено дејство, и покрај тоа што во Брисел му било предочено дека таквото сценарио е речиси невозможно да се оствари.

Поврзано

XS
SM
MD
LG