Линкови за пристапност

Трамп и Путин во Хелсинки, на прв самит


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин одржуваат средба во балтичкиот пристанишен град Хелсинки.

Трамп пред средбата изјави: „Мислам дека како две држави имаме големи заеднички можности. Искрено, не бевме во добри односи во последниве неколку години. Јас не сум на позицијата долго, се навршуваат две години. Но, мислам дека ќе постигнеме извонредни односи. Се надевам на тоа. Јас го кажувам тоа, и сигурен сум дека сте го слушнале тоа со текот на годините, за време на кампања дека соработката со Русија е добра работа, а не лоша... Навистина мислам дека светот сака да не` види како соработуваме.“

Путин кажа дека: „Дојде време да разговараме за билатералните односи, како и за разните кризни региони во светот“. Тој средбата ја нарече дел од постојаната комуникација меѓу двајцата лидери

Но, тој рече дека се надева дека ќе почне да го менува тоа преку разговорите.

Двајцата лидери ги игнорираа новинарските прашања во врска со руското мешање во американските избори во 2016-та година.

Неколку часа порано, претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер напиша: „Нашите односи со Русија никогаш не биле полоши, благодарение на долгогодишното американско самозалажување и глупост, и сегашниот, лов на вештерки!“ осврнувајќи се на тековната истрага од страна на специјален советник Робер Мулер за руското мешање во изборите во 2016-та година.

Министерството за надворешни работи на Русија одговори: „Се согласуваме“.

Трамп, претходно напиша неколку Твитер пораки, велејќи дека без разлика колку добро ќе се одвива самитот со Путин, „тој повторно ќе биде критикуван, дека тоа не е доволно добро“.

Во неделата неколку илјадници демонстранти се собраа на плоштадот пред Сенатот во Хелсинки, да искажат незадоволство од политиките на двајцата лидери во однос на животната средина, бегалците и воените прашања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG