Линкови за пристапност

Москва сака да го врати глобалниот статус на моќна држава


Спроти средбата во Хелсинки, анализа на експерти за руски прашања

Во време кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за самитот еден на еден со претседателот Доналд Трамп во Хелсинки, руски политички аналитичари велат дека очекувањата на Кремљ не се многу големи, освен за едно прашање – симболичното руско враќање од меѓународната изолација како глобална сила.

Спроти самитот, претседателот Трамп сугерираше дека по напнатите состаноци со сојузниците во Брисел и во Лондон, можеби средбата со рускиот претседател Путин „ќе биде една од најлесните“.

Сепак, руските аналитичари предупредуваат дека Трамп се соочува со вешт преговарач, чии аргументи го одржуваат на власт 18 години.

„За Путин, секогаш има начин да ги повтори познатите зборови – Русија никогаш не сторила ништо лошо. Русија не треба да поправа или менува нешто“, вели Марија Липман од журналот „Контра понуда“ се седиште во Москва.

„Ако Америка сака да ја промени политиката, ние тоа го поздравуваме. Ние не жалиме за ништо, го опишува таа, однесувањето на Кремљ, изминатите години.

Очекувањата од Самитот се мали кај двете страни.

„Путин не очекува многу од практична точка на гледање“, коментира Надежда Арбатова од Институтот за светска економија во Москва.

Нејасно е дали двете страни ќе понудат нешто ново надвор од заложбите за подобри односи.

„Може да има компромис за Сирија, ако Русија се согласи на американските инсистирања во замена за обезбедување Башар ал Асад да остане на истата позиција“, вели Арбатова.

За Украина, засега не се надзира компромис откако претседателот Трамп не може да ги укине санкции обидувајќи се да го заобиколи Конгресот.

Некои аналитичари сметаат дека руското јавно мислење е поделено за политиката на претседателот Путин.

Неодамнешно ко-истражување од аналитичарот Денис Волков од „Центарот Левада“, водечка независна истражувачка агенција во Москва и „Центарот Карнеги“, покажа дека иако Русите го поддржуваа цврстиот став на претседателот Путин кон Западот, се залагаат за намалување на непријателскиот тон.

„Луѓето се уморни од агендата на надворешната политика на претседателот Путин. Мнозинството граѓани смета дека Русија им помага на други држави премногу, и време е да почне да троши повеќе пари во својата држава“, вели Волков.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG