Претседателот на САД Доналд Трамп, на неколку дена пред средбата со Владимир Путин во Хелсинки, изјави дека неговиот руски колега, не е ниту пријател, ниту непријател.
„Тој не е мој непријател, но дали е пријател? Не. Не го познавам доволно добро, неколкупати сум се сретнал со него и разговорот ни` одеше добро“, рече Трамп за време на денешната прес-конференција на самитот на НАТО во Брисел.
Тој додаде дека Путин е „конкурент“ и дека се надева оти еден ден, можеби тој ќе стане пријател. „Може да се случи, но едноставно, не го познавам многу добро“.
НАТО-сојузниците се скептични за тоа дали Трамп ќе има доволно цврст став спрема рускиот лидер, кој го негираше заклучокот на американската разузнавачка заедница дека Русија се вмешала во изборите во САД во 2016-та година.
Јури Раитсал, политички експерт од Финскиот Универзитет за национална безбедност, за Гласот на Америка изјави дека самитот во голем дел ќе биде „симболичен“ и оти за вистински напредок по горливите прашања по кои ќе се разговара, можно е да треба време“.
Facebook Forum