Висока делегација на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е во посета на Мексико, на средба со новоизбраниот претседател Андрес Лопез Обрадор и неговиот тим.
Во рамки на американската делегација се советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер, државниот секретар Мајк Помпео, секретарот за финансии Стивен Мнучин и секретарката за домашна безбедност, Кирстјен Нилсен.
Секретарот Помпео се очекува „да го потврди партнерството на САД со Мексико за борба против транснационалните криминални организации, акцент ќе биде ставен на епидемијата со опијати, а ќе се разговара и за напорите за зајакнување на трговијата, спречување на нелегалната миграција и одржување на заедничката граница“, изјави виш претставник на Стејт департментот.
Средбите на високо ниво се случуваат во услови на затегнати односи меѓу двете земји поради илегалната миграција, пограничната безбедност и трговските преговори.
Facebook Forum