Линкови за пристапност

Украина ги обнови барањата до сојузниците за повеќе воена опрема


Како и да е, тоа е само прашање на време и не разбирам зошто губиме време, а можевме да постигнеме повеќе и да спасиме повеќе животи, рече Кулеба на заедничка прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок
Како и да е, тоа е само прашање на време и не разбирам зошто губиме време, а можевме да постигнеме повеќе и да спасиме повеќе животи, рече Кулеба на заедничка прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок

Украинските власти оваа недела ги обновија повиците до сојузниците за повеќе воена опрема и залихи за борба против руските сили.

По разговорите со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за време на нејзината посета на Киев, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека ја истакнал итноста за што поскора испорака на крстаречки ракети во Украина, објави Ројтерс.

„Како и да е, тоа е само прашање на време и не разбирам зошто губиме време. Можевме да постигнеме повеќе и да спасиме повеќе животи на украински војници и цивили ако веќе имавме“, рече Кулеба во одговор на прашање на заедничката прес-конференција.

Кулеба побара и ракети со долг дострел. Како што објавија медиумите оваа недела, администрацијата на Бајден е блиску до донесување одлука за обезбедување на Украина со армиски тактички ракетни системи.

И покрај тоа што се соочува со руска воена супериорност, Украина бавно и стабилно напредува на исток и југ, ослободувајќи ја територијата што руските сили ја окупираа минатата година.

Украина продолжува да покажува опипливи резултати во повторното заземање области од Русите, изјави во понеделникот портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Очигледно, војната е тешка, а украинската војска се соочува утврдени руски сили. Но, ние продолжуваме да оценуваме дека Украинците напредуваат во нивната контраофанзива и имаме доверба во способноста на нивните сили“, рече Милер.

XS
SM
MD
LG