Линкови за пристапност

САД со нова воена помош за Украина вредна до 500 милиони долари

Пакетот ќе вклучува копнени возила – борбени возила „Бредли“ и оклопни транспортери „Страјкер“, како и муниција за артилериски ракетни системи со висока мобилност, се вели во соопштението на Пентагон.

САД со нова воена помош за Украина – до 500 милиони долари, објави Пентагон во вторникот. Ова е во знак на поддршка за борбата на Украина додека Москва се спротивставува со последиците од бунтот на платеничките борци.

Пакетот ќе вклучува копнени возила – борбени возила „Бредли“ и оклопни транспортери „Страјкер“, како и муниција за артилериски ракетни системи со висока мобилност, се вели во соопштението на Пентагон.

Пакетот, „вклучува клучни способности за поддршка на барањата за воздушна одбрана на Украина, како и дополнителни оклопни возила, противоклопни системи, муниција и друга опрема вредна до 500 милиони долари за да и помогне на Украина да ја одбрани својата нација и да ја врати суверената територија“, изјави портпаролот на Пентагон, Бригадниот генерал Пет Рајдер.

„Искрено сум благодарен“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи. „Дополнителните оклопни возила Бредли и Страјкер, муницијата за „HIMARS“, „Patriots“ и „Stingers“ ќе додадат уште поголема моќ“, додаде тој.

Ова е 41 одобрена пакет безбедносна помош од САД за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Досега е воената помош за Украина изнесува повеќе од 40 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG