Линкови за пристапност

Почнуваме преговори со Украина да ја формализираме нашата поддршка, вели Г7


Нашата делегација носи дома значајна безбедносна победа за Украина, рече Зеленски
Нашата делегација носи дома значајна безбедносна победа за Украина, рече Зеленски

Земјите од Г7 денес ја открија меѓународната рамка за долгорочна безбедност на Украина за да ја зајакне нејзината одбрана од Русија и да ја одврати Москва од идна агресија, соопштија официјални лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана со лидерите на НАТО, еден ден откако тие изјавија дека иднината на Украина лежи во НАТО, но го отфрлија неговиот повик за временска рамка за членство.

Неможноста да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија - имајќи предвид дека членот 5 на НАТО, кој предвидува дека нападот врз една членка е напад врз сите, може да ја турне алијансата во војна со Русија, Украина сепак доби долгорочни безбедносни гаранции за кои лобираше.

НАТО намерно се воздржува од давање воена помош на Украина како организација, за да избегне влегување во директен конфликт со Русија, и сака да продолжи да им го препушта тоа на земјите-членки и на другите.

Велика Британија, Франција, Германија и САД преговараат со Киев со недели за мултилатерален текст за создавање широка меѓународна рамка, која опфаќа елементи вклучувајќи напредна воена опрема, како што се борбени авиони, како и обука, споделување разузнавачки информации и сајберодбрана.

Групата седум главни развиени земји во соопштението рече:

„Денес започнуваме преговори со Украина за да ја формализираме - преку билатерални безбедносни обврски усогласени со оваа мултилатерална рамка, во согласност со нашите соодветни правни и уставни барања - нашата трајна поддршка за Украина да ги брани своите суверенитет и територијален интегритет“.

Американскиот претседател Џо Бајден на церемонијата на потпишување на планот рече дека тоа е „моќна изјава за нашата посветеност на Украина“.

Зеленски рече:

„Нашата делегација носи дома значајна безбедносна победа за Украина“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, го нарече потегот на Г7 погрешен и „потенцијално многу опасен“ за Западот да ѝ даде безбедносни гаранции на Украина.

Москва го наведе источното проширување на НАТО кон нејзините граници како фактор во нејзината минатогодишна одлука да ја нападне Украина наклонета кон Запад, која некогаш беше дел од стариот Советски Сојуз.

Г7 - САД, Германија, Јапонија, Франција, Канада, Италија и Велика Британија, како и Европската Унија, рече дека и други земји би можеле да потпишат за да преземат свои обврски.

Во декларацијата се вели дека земјите од Г7 веднаш ќе започнат билатерални разговори со Украина.

„Новиот документ треба да важи се` додека Украина не е во НАТО“, рече Зеленски на посебна прес-конференција.

„Денешната декларација ја отвора таа можност со силни билатерални договори“, продолжи тој, додавајќи дека најдобра гаранција сепак е да биде во самата алијанса.

Извор: Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG