САД ги повикаа Израел, Хамас и Хезболах да ги искористат можностите за промени по убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар, изјави денес американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
„Ќе видиме како работите ќе се развиваат“, рече Остин, на прашањето за најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи да се бори.
„Но, јасно е дека постојат можности за промена на насоката, и ние би се надевале дека, знаете, партиите ќе го искористат тоа, и во Либан, во Газа и во Либан“.
Израелската војска вчера соопшти дека Синвар, организатор на минатогодишниот прекуграничен напад на Хамас врз Израел, бил убиен во операција во јужниот дел на појасот Газа во средата.
Остин, исто така, рече дека американските сили на Блискиот Исток се подготвени да ја поддржат одбраната на Израел.