Линкови за пристапност

Сега постои можност за Газа без Хамас на власт, рече Бајден по убиството на лидерот Јахја Синвар


Од пристигнувањето на претседателот на САД во Германија
Од пристигнувањето на претседателот на САД во Германија

Израел изврши рации на Газа во петокот, прoдолжувајќи ја својата војна да го уништи Хамас, откако му зададе огромен удар со убиството на неговиот лидер Јахја Синвар.

Поздравувајќи го убиството на Синвар, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната предизвикана од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година не е завршена, но додаде дека тоа е „почеток на крајот“.

Тој ја нарече смртта на Синвар, мозокот на најсмртоносниот напад во израелската историја, „важна одредница во падот на злобното владеење на Хамас“.

Шефот на Хамас во Газа во времето на нападот стана генерален лидер на милитантната група по убиството во јули на нејзиниот политички шеф Исмаил Хание.

Американскиот претседател Џо Бајден, чија влада е главен снабдувач на оружје во Израел, рече:

„Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот“.

„Сега постои можност за „ден потоа“ во Газа без Хамас на власт, и за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците.

Хамас и Хезболах се прогласени за терористички организации од страна на САД, Обединетото Кралство, Европската Унија и други.

XS
SM
MD
LG