Линкови за пристапност

Турција и Саудиска Арабија разговарале за случајот Кашоги


Лидерите на Турција и Саудиска Арабија дискутирале за формирање на заедничка работна група кој ќе го истражи исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Државните новински агенции пренесоа дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот крал Салман телефонски разговарале за случајот.

Саудиска Арабија се закани дека ќе возврати со „големи“ економски мерки ако Трамп го санкционира Ријад заради поврзаност со исчезнувањето на Кашоги.

На само еден ден откако претседателот на САД Доналд Трамп во интервјуто за „Си-Би-Ес“ кажа дека ќе уследи „тешка казна“ ако се покаже точно тврдењето на Турција дека саудиски агенти го убиле Кашоги падна вредноста на акциите на саудиските берзи.

Официјален Ријад соопшти дека обвинувањата се „неосновани“ но властите не дадоа доказ дека Кашоги го напуштил конзулатот откако влегол да подигне брачни документи.

Кашоги живееше во самопрогласен егзил во САД и во колумни во Вашингтон пост го критикуваше саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Медиумите известуваат дека Кашоги можеби ја снимил сопствената смрт со помош на епл часовник.

Според наводите Кашоги ја вклучил командата за снимање пред да влезе во саудискиот конзулат.

Извештаите велат дека часовникот не само што го регистрирал испрашувањето и мачењето туку го снимил и убиството на Кашоги.

Во знак на протест за исчезнувањето на Кашоги, неколку американски бизнис лидери го откажаа учеството на Инвестициската иницијатива за иднината настан кој следната недела ќе се одржи во Ријад.

Сепак, од Белата куќа соопштија дека секретарот за финансии, Стивен Мнучин се` уште планира да присуствува на конференцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG