Линкови за пристапност

Турските власти ќе го претресат саудискиот конзулат каде исчезна новинарот Кашоги


Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека властите ќе го пребараат конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул кој се поврзува со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Во соопштението се вели дека Саудиска Арабија дала индикации дека е отворена за соработка со истрагата, иако не беа објавени детали кога ќе биде извршено пребарувањето.

Кашоги не е виден од минатата недела откако влегол во конзулатот. Турските власти велат дека тој таму бил убиен и покрај тоа што саудиските власти велат дека тој безбедно ја напуштил зградата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека саудиските власти треба да докажат дека Кашоги го напуштил конзулатот кој го посетил за да поднесе брачни документи. Неговата вереница Хатиџе Ченгиз која е турска државјанка и која го чекала надвор од конзулатот вели дека тој никогаш не излегол од зградата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG