САД понудија да помогнат во истрагата за мистериозното исчезнување на новинарот Џемал Кашоги од Саудиска Арабија, последен пат виден пред една недела како влегува во конзулатот на Ријад во Истанбул, Турција.
Потпретседателот Мајк Пенс праша дали Вашингтон може да испрати истражители на ФБИ, ако тоа го побара Саудиска Арабија.
„САД се подготвени да помогнат на каков било начин“, рече Пенс.
Тој не кажа дека помош од САД побарале Турција, која веќе отвори сопствена истрага, ниту Саудиска Арабија.
„САД се многу загрижени за исчезнувањето на Кашоги“, изјави Пенс.
Турските власти веруваат оти Кашоги бил убиен во конзулатот, додека Саудиска Арабија изјави оти таквото тврдење е бесмислено.
Сенаторот од Вирџинија Тим Кејн, за Гласот на Америка, изјави дека овој случај може значително да се одрази врз односите меѓу САД и Саудиска Арабија, која претставува долгогодишен сојузник од Блискиот исток
„Ако излезе дека се точни сомнежите за инволвираност на Саудиска Арабија во убиството на новинарот, тоа може да биде значајна промена во релацијата САД - Саудиска Арабија што пак, може да влијае врз многу работи, вклучувајќи ја и американската помош во Јемен“, рече Мејн.
Саудиска Арабија не објави видео кое покажува дека Кашоги го напуштил конзулатот на втори октомври, кога отишол да земе документи за склучување брак со неговата вереница од турско потекло Хатиџе Ченгиз.
Ченгиз побара помош од претседателот на САД Доналд Трамп да фрли светлина врз случајот, како и од властите на Саудиска Арабија да го објават видеото од безбедносните камери во делот на конзулатот.
Турскиот министер за надворешни работи изјави дека ќе го пребаруваат конзулатот, но, не кажа детали кога тоа би се случило.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека саудиските официјални лица треба да докажат дека Кашоги ја напуштил зградата.
Трамп, пак, рече дека Белата куќа планира да разговара за Саудиска Арабија за овој случај, како и дека нема информации за судбината на Кашоги.
Facebook Forum