Белата куќа остро реагираше на федералниот судија од сојузната држава Хаваи, што ја блокираше последната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, со која се забранува влез на патници од неколку земји, а која требаше да стапи во сила денес.
Белата куќа тврди дека со наредбата на окружниот суд во вторникот, ќе се нарушил обидот на Трамп да го заштити американскиот народ и да ги спроведе минималните безбедносни стандарди за влез во САД.
Судијата пресуди против ограничувањата за влез на патници од шестте земји за кои администрацијата на Трамп вели дека не може да се обезбеди доволно информации со кои би се исполниле американските безбедносни стандарди.
Наредбата се однесуваше на патници од Чад, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен.
Привремената забрана на судијата не ги попречува ограничувањата за Северна Кореја и Венецуела.
Администрацијата на Трамп најави дека ќе поднесе жалба по пресудата.
Судијата пресуди против ограничувањата за влез на патници од шестте земји
Facebook Forum