Линкови за пристапност

Забрана за влез во САД и од Северна Кореја, Венецуела и Чад


Новите правила ќе стапат во сила на 18-ти октомври, и ќе се однесуваат на граѓани од осум држави

Патниците кон САД од осум држави ќе се соочат со нови рестрикции, согласно ревидираната извршна наредба за забрана за патување, која што претседателот Доналд Трамп ја потпиша вчера.

Новите правила, кои ќе стапат во сила на 18-ти октомври, ќе се однесуваат на граѓани на Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија, Венецуела, Јемен и од Чад.

Претходната извршна наредба се однесуваше на граѓани од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен

Официјалните лица велат дека три држави одбиле да споделат со САД информации за тероризам и за други прашања.

Најавата дојде,со истекот на претходната привремена забрана за патување на граѓани од шест држави, со претежно муслиманско население, 90 дена откако стапи во сила.

Најголемата организација за права на муслиманите во САД, реагираше на најновата мерка, велејќи дека е дел од „грдата бела супремацистичка агенда“ на администрацијата на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG