Линкови за пристапност

САД: Забраната за патување треба да стапи на сила утре


Освен ако судовите не интервенираат, најновата наредба на претседателот Доналд Трамп за ограничување на патувањето, стапува на сила утре по полноќ.

Со наредбата ќе ги забрани влез на патници од седум земји и одредени владини претставници од Венецуела. Воедно, ирачките државјани ќе бидат подложени на поголеми безбедносни мерки, пред да влезат во САД.

Во меѓувреме, во Сиетл и Лос Анџелес викендов се одржаа протести, а дополнителни демонстрации се закажани за во среда.

Дури пред датумот за стапување на сила, новата наредба беше мета на критика во неколку судници во САД.

Федерален судија во Мериленд во понеделникот слушнал аргументи за појаснување на владината намера за забрана на влез на патници од Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и Јемен.

Во 90-минутната сесија, американскиот окружен судија Теодор Чуанг, ги следеше аргументите на организации за заштита на човековите права, како Меѓународниот проект за помош на бегалците, кои велат дека актуелната наредба за патување и натаму надодава на забраната на земјите со главно муслиманско население и дека ги надминува овластувањата на претседателот.

Чуанг побара информации за тоа на што се должи новата, поспецифична наредба, особено доверливиот извештај на Одделот за домашна безбедност, за кој владини адвокати рекоа дека е основа за новата наредба.

Додека Чуанг го блокираше клучниот дел на втората наредба на Трамп во март, тој не индицираше како би пресудил овојпат. Судијата не појасни ниту дали ќе донесе одлука пред најновата наредба да стапи на сила. Освен тужбата во Мериленд, меѓу другите, слични мерки беа поднесени и на Хаваите и во сојузната држава Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG