Линкови за пристапност

Сириските власти велат дека вооружените групи во земјата ќе се распуштат


АРХИВА - Поранешните припадници на сириските безбедносни сили на Башар ал-Асад чекаат на ред за да се пријават за процесот на идентификација и помирување, по соборувањето на Ал-Асад, во Алепо, Сирија, 23 декември 2024 година.
АРХИВА - Поранешните припадници на сириските безбедносни сили на Башар ал-Асад чекаат на ред за да се пријават за процесот на идентификација и помирување, по соборувањето на Ал-Асад, во Алепо, Сирија, 23 декември 2024 година.

Американските сили ги напаѓаат милитантите на Исламската држава во источна Сирија

Новите власти на Сирија соопштија дека вооружените групи во земјата се согласиле се согласиле да се распуштат и да бидат интегрирани во Министерството за одбрана.

Во соопштението се вели дека одлуката следи по средбата меѓу водачите на вооружените групи и Ахмад ал-Шара, кој го предводеше бунтовничкиот напредок што го турна долгогодишниот лидер Башар ал-Асад од власт.

Бунтовниците ја презедоа контролата врз главниот град на Сирија на 8 декември по молскавичното напредување кое ги натера да преземат неколку клучни градови за неколку дена по многу години релативен ќор-сокак во 13-годишната граѓанска војна во земјата.

По соборувањето на Асад, владите ширум регионот испратија свои претставници во Дамаск поради прашањата за политичката иднина на Сирија и загриженоста за дополнителна нестабилност во регионот.

Една од грижите е потенцијалното повторно заживување на групата Исламска држава, која зазеде области во источна Сирија во 2014 година и западен Ирак пред да изгуби голем дел од таа територија.

Војската на САД вчера соопшти дека извршила воздушен напад во кој се убиени двајца милитанти на Исламската држава во источната сириска провинција Деир Езур.

Централната команда на САД во соопштение рече дека милитантите „преместувале камион со оружје, кој бил уништен за време на нападот“.

Дел од информациите во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс – прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG