Линкови за пристапност

Башар ал-Асад вели дека не планирал да ја напушти Сирија, но бил евакуиран од Русите


Луѓе слават по соборување на сирискиот претседател во Дамаск
Луѓе слават по соборување на сирискиот претседател во Дамаск

Соборениот сириски претседател Башар Асад изјави дека не планирал да ја напушти земјата по падот на Дамаск пред една недела, но руската војска го евакуирала откако нивната база во западна Сирија била нападната.

Коментарите се први на Асад откако беше соборен од бунтовничките групи.

Асад во изјава на својата Фејсбук страница рече дека го напуштил Дамаск утрото на 8 декември, неколку часа откако бунтовниците упаднале во главниот град.

Тој рече дека заминал во координација со руските сојузници во руската база во крајбрежната провинција Латакија, каде што планирал да продолжи да се бори.

Асад рече дека откако руската база била нападната со беспилотни летала, Русите одлучиле да го преместат ноќта на 8 декември во Русија.

„Не ја напуштив земјата како дел од планот како што беше објавено претходно“, рече Асад.

Во меѓувреме, воен мониторинг со седиште во Велика Британија рече дека израелските воздушни напади рано во понеделникот погодиле складишта за ракети во Сирија и ги нарече „најсилните напади“ од 2012 година.

Израел напаѓа, како што вели, воени локации во Сирија по драматичниот колапс на владеењето на Асад, бришејќи ја воздушната одбрана и поголемиот дел од арсеналот на поранешната сириска армија.

Израелските трупи, исто така, зазедоа гранична тампон зона, што предизвика осуда, при што критичарите го обвинуваат Израел за прекршување на примирјето од 1974 година и евентуално искористување на хаосот во Сирија за одземање земја.

По падот на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, администрацијата на Бајден рече дека целосно ќе го поддржи транспарентниот и инклузивен процес на транзиција кон универзална влада одговорна пред сирискиот народ.

„Процесот на транзиција и новата влада, исто така, мора да ги почитуваат јасните заложби за целосно почитување на правата на малцинствата, да го олеснат протокот на хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, да спречат Сирија да се користи како база за тероризам или да претставува закана за нејзините соседи, и да осигура дека сите залихи на хемиско или биолошко оружје се обезбедени и безбедно уништени“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

XS
SM
MD
LG