Линкови за пристапност

Советот за безбедност на ОН повикa на политичка транзиција предводена од Сирија


Советот за безбедност на ОН повика на политичка транзиција предводена од Сирија која ќе им овозможи на сите Сиријци „самостојно и демократски да ја одредуваат својата иднина“, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Во соопштението објавено доцна во вторникот, Советот за безбедност рече дека политичкиот процес треба да се заснова на резолуцијата на Советот за безбедност од 2015 година, која повикува на нов Устав и избори, надгледувани од ОН.

Таа, исто така, ја истакна потребата да се спречи милитантната група Исламска држава да ги обнови своите капацитети во Сирија каде што пред една деценија зазеде големи области на истокот на земјата.

Советот за безбедност дополнително ги повика Сирија и соседните земји да избегнуваат акции кои би можеле да ја поткопаат меѓусебната безбедност, а особено Сирија и Израел да не ја ризикуваат безбедноста на мировниците на ОН задолжени за тампон зоната на Голанската висорамнина.

Претставникот на ОН за Сирија претходно во вторникот предупреди дека војната сè уште не е завршена, земјата е кревка ѝ се соочува со бројни предизвици и дека мора брзо да се движи кон инклузивна политичка транзиција.

XS
SM
MD
LG