Линкови за пристапност

Села бара уставни измени, а не избори


Села бара уставни измени, а не избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Села бара уставни измени, а не избори

Зијадин Села смета дека сега треба да продолжи процесот на уставни измени во парламентот

Одржувањето на референдумот беше непотребен процес бидејќи истиот не беше обврзувачки, вели за Гласот на Америка, Зијадин Села, првиот човек на албанската опозициска партија, Алијансата на Албанците и покрај неговиот повик албанските граѓани да излезат и да го поддржат истиот. Села смета дека сега е многу важно политичките фактори во земјата да направат компромис со себеси и веднаш без размислување да се направат уставните измени.

„Тоа е компромисот кој треба да го направи целиот политички фактор во државата, да се однесуваат државнички,а не да прават дневни политики со нешто што е многу важно.Тоа е единствената алтернатива и единствената надеж за мир, економски прогрес и за поголема демократија во ова општество.Не сум јас тој што можам да предвидам што може да биде ако Македонија не успее на патот кон НАТО и ЕУ“, вели претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села.

Одржувањето на референдумот беше непотребен процес бидејќи истиот не беше обврзувачки
Зијадин Села

Села отфрла било каква можност за нивен настап во заедничка листа за пратениците со партиите кои застанаа позади референдумот, на евентуалните предвремени парламентарни избори, нешто за што се зборува во јавноста.

„За Алијансата тоа е невозможно, бидејќи мислам дека уште како општество не сме стигнале до тоа ниво. Се` уште имаме нерешени проблеми внатре во државата. Тоа што треба да се постигне е внатрешен договор. Уште има предрасуди и уште Албанците се третираат како граѓани од втора категорија“, вели Села.

За политичкиот аналитичар, Шпетим Положани референдумот бил успешен и покрај тоа што резултатите од истиот за него биле очекувани.

„Јас мислам дека една од главните причини е и избирачкиот список за кој верувам дека се` уште не е прочистен. Со оглед на тоа дека голем број граѓани се надвор и оваа бројка повеќе од 600.000, јас мислам дека покажува еден успех на расположението на граѓаните во Македонија, затоа што ги нема гласачите и требаше да се напумпа за да се дојде до 900.000 гласачи за цензусот.“, вели Положани.

Тој додава дека за да се надмине овој проблем, треба да се изврши централна регистрација на населението, со цел да се утврди точната бројка на граѓани кои живеат во Македонија, а со тоа да се исчистат и избирачките списоци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG