Линкови за пристапност

Пентагон ги поддржува македонските пријатели


„Стоиме зад владата во Скопје, во време кога треба да ја определат судбината на земјата во овој историски момент“, стои во изјавата на портпаролка на Пентагон Дана Вајт

САД ги поздравуваат позитивните резултати од консултативниот референдум во Македонија, во кој граѓаните на Македонија го прифатија Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, се вели во соопштението од Дана Вајт, портпаролка на Пентагон.

Во соопштението од Пентагон се вели: „Целосно го поддржуваме имплементирањето на Договорот и стоиме зад владата во Скопје, во време кога треба да ја определат судбината на земјата во овој историски момент“.

„САД остануваат цврсто на заложбата за силни билатерални одбранбени релации кои ги изградивме со Македонија, силен придонесувач во мисијата на НАТО во Авганистан и во регионалните безбедносни иницијатива за стабилност на Западниот Балкан“, се вели понатаму.

„Ги поддржуваме нашите македонски пријатели, додека го исцртуваат курсот за постигнување мир и просперитет на нивниот народ“, се наведува во соопштението од Пентагон по одржувањето на референдумот во Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG