До 11 часот своето право на глас го искористиле 8,03 отсто од гласачите запишани на избирачкиот список, соопшти ДИК. Гласањето се одвива мирно, без неправислноти и посериозни нарушувања на гласачкиот процес.
Најголема излезност е регистрирана во општините Центар каде гласале 13,31отсто, Крива Паланка со 13,08 отсто и Карпош со 12,51 отсто а најниска е излезноста во Могила - 3,16 отсто и Пласница каде досега гласале 3,30 отсто од регистрираните избирачи.
Од МВР соопштија дека досега се регистрирани четири инциденти. Во Скопје дваесет и двегодишно момче нападнало полициски слуѓбеници пред избирачко место, а напад врз гласач имало во гостиварското село Зубовце. Во останатите два случаи станува збор за фотографирање на лица кои излегле да гласаат.
Стотина тимови на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР кои го надледуваат избирачкиот процес ќе присуствуваат и на пребројувањето на гласовите на денешниот референдум за името.
„Имаме стотина тимови кои го следат референдумот. Распоредени се насекаде низ земјава и ќе не информираат за сè што виделе. Тимовите се излезени на терен пред отворањето на гласачките места, ќе продолжат да набљудуваат и ќе присуствуваат на пребројувањето на гласовите“, изјави амбасадорот Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Facebook Forum