Линкови за пристапност

Референдум 2018: Одзивот на гласачи до 13 часот е 16 отсто


Досега своето право на глас го оствариле 261.473 гласачи. Излезеноста се движи од 6,96 до 29 отсто соопшти ДИК

„ До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Ова се резултати од обработени 90,24 отсто од избирачките места“, соопшти Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија.
Според подтацоите со кои располага ДИК, распонот на излезност се движи од 6,96 до 29 отсто.

Најголем одзив има во скопските општини Центар каде изглеле 26,29 отсто од запишаните галсачи, Карпош со 23,97отсто и Сарај каде до 13 часот гласале 21,24 отсто. Најмал одзив има во Босилово - 6,96 отсто и Илинден - 7,18 отсто.

Гласањето тече мирно и без посериозни инциденти или нарушивања на процесот. Полицијата регистрираше четири случаи и приведе неколку лица кои се обиделе да нападнат полициски службеници или пак навредувале или сликале граѓани кои сакале да го остварат своето право на глас.


Facebook Forum

XS
SM
MD
LG