Линкови за пристапност

САД в петок ќе објават пакет санкции против Русија поради смртта Навални


Бајден, зборувајќи за новинарите додека заминуваше на патување во Калифорнија, не даде детали, но рече дека ќе даде повеќе информации за пакетот в петок
Бајден, зборувајќи за новинарите додека заминуваше на патување во Калифорнија, не даде детали, но рече дека ќе даде повеќе информации за пакетот в петок

САД в петок ќе објават голем пакет санкции против Русија поради смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и двегодишната војна во Украина, изјави денес претседателот Џо Бајден.

Бајден, зборувајќи за новинарите додека заминуваше на патување во Калифорнија, не даде детали, но рече дека ќе даде повеќе информации за пакетот в петок.

Пакетот „ќе ја повика Русија одговорна за она што му се случи на г-дин Навални“ и за нејзините постапки во текот на војната во Украина, рече портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, без да наведе детали за санкциите.

Кирби рече дека САД вршат притисок врз Русија за „целосна транспарентност“ за тоа како Навални почина минатиот петок во казнената колонија на Арктикот.

Затворската служба тогаш соопшти дека Навални паднал во несвест по прошетка и починал.

Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин.

САД веќе имаат издадено широк спектар на санкции поврзани со руската инвазија на Украина во 2022 година.

„Каква и приказна да одлучи руската влада да му ја каже на светот, јасно е дека претседателот Путин и неговата влада се одговорни за смртта на г-дин Навални“, рече Кирби.

Амбасадата на САД во Москва бара повеќе информации за смртта на Навални, рече Кирби, „но тешко е да се дојде до точка каде што можете да бидете сигурни во тоа што би рекле Русите за неговата смрт“.

XS
SM
MD
LG